со матичен број 5233992/2, Даночен бр. 4030998353700 и број на "А" лиценца за туристичка дејност рег.бр. : 13 - 1370/2 од 24.02.2016, со адреса на ул "Пиринска" бр. 29, Скопје, овде и понатаму нарекувана
, со седиште во гр. Софија, на ул: Триадица 6, и адреса на управување на улица: Булевар "Књаз Дондуков" бр. 24-А, регистерски број 00326 за Туристичка Агентска и Операторска дејност, овде и понатаму нарекувана
, од друга страна, се склучи следниот ДОГОВОР за организирано туристичко патување со ВКУПНА ЦЕНА.
Како страна на овој ДОГОВОР, т.е како НАРАЧАТЕЛ се смета единствено лицето кое го потпишува овој ДОГОВОР.
кои се јавуваат како туристи за организирано патување, а кое НАРАЧАТЕЛОТ го нарачува, а ТУРОПЕРАТОРОТ прифаќа да го организира за вкупно
.
1. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
2. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
3. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
При услови каде што малолетни туристи патуваат без или само со еден од нивните родители (на пр. старателот), родителот/родителите/старателот/старателите кои не патуваат,
да приложат согласност заверена на нотар, во која се согласуваат со своите потписи нивното дете да патува по определената програма (се опишува програмата) за соодветниот временски период, бидејки за него ќе биде одговорен (се запишува името, презимето и неопходните податоци на лицето кое е задолжено за патувањето). Таа согласност или декларација е неопходен документ за запишување на малолетни лица за патувањето. ТУРОПЕРАТОРОТ обезбедува можност за итен контакт со малолетното лице или лицето кое е одговорно за него, на местото на престој од даденото патување, со посебна телефонска конекција преку телефонски оператор од земјата на престојот. Таквата телефонска при-пејд картичка или ако одговорното лице има роаминг врска, оди на сметка на одговорното лице во соработка со ВОДИЧОТ на групата, за кое НАРАЧАТЕЛОТ претходно дава
4) Најава на дополнителни туристички услуги:
1. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . за вкупно . . . . . туристи
2. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . за вкупно . . . . . туристи
3. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . за вкупно . . . . . туристи
4. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . за вкупно . . . . . туристи
5) Крајната цена, која се формира од основната цена, износот на дополнителните услуги за организираното патување (како во 4), како резултат на намаление или доплата за секој турист од групата посебно, дополнително платените транспортни услуги: со авион, автобус на редовна линија, железнички патнички превоз, траект итн. Се определува како
вкупна цена која за секој од туристите наведени во
поглавје II, односно 1) како што следи:
1. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .: 81790 ден
2. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .: 81790 ден
6) Основната цена не подлежи на промена по потпишувањето на Договорот со исклучок на следните случаи:
ТУРОПЕРАТОРОТ го задржува правото да ја промени цената по склучување на Договорот при промена на износот на такси поврзани со користени услуги од Договорот, како што се аеродормски, пристанишни и други такси. Цената се зголемува единствено со реалното зголемување на компонентата која влијае врз таквото зголемување.
ТУРОПЕРАТОРОТ го задржува правото да ја промени цената по склучувањето на Договорот при промена на тековниот валутен курс во однос на цените вметнати во овој Договор, бидејќи единствено промените во цената кои настапиле после дваесетиот ден пред денот на патувањето се невалидни.
7) Туристите се осигурани за време на патувањето со задолжително патничко осигурување:
1. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .: лицензирана осигурителна компанија . . . . . . . . . . . . . . . . сo лимит €30000.00;
2. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .: лицензирана осигурителна компанија . . . . . . . . . . . . . . . . сo лимит €30000.00;
8) Специјални побарувања од страна на нарачателот најавени од него пред склучување на Договорот, а за кои е постигната согласност од двете страни на Договорот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .: . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
9) Опис на организираното патување:
12.10.2026 г. Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) со лет на авиокомпанијата "Bulgaria Air". Пристигнување на аеродромот во Лисабон. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.
13.10.2026 г. Појадок. Панорамска обиколка на Лисабон (вклучена во цената): реонот "Баиша", обновен по земјотресот во 1755 год.; Плоштадите "Фигеира" и "Росио"; Најголемиот плоштад во Лисабон - "Комерсио". Споменикот на Oткривачите, изграден во чест на Енрике Морепловецот, кој се наоѓа на устието на реката Тежу; кулата "Белем" и манастирот "Жерoнимуш" кој се смета за ремек-дело на португалската мануелна уметност. Слободно време за самостојно разгледување на градот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
14.10.2026 г. Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталја - ден во кој ќе ги посетите едни од најпознатите историски места во Португалија. Заборавете на сегашноста и вратете се назад во времето во селцето Обидуш, опкружено од ѕидините зад кои се наоѓаат традиционални бели куќи и мали трговски улички кои водат кон замокот од XV в. Посета на манастирот во Баталја (под заштита на УНЕСКО) - прекрасен споменик на националната архитектура и едно од најголемите готски ремек-дела во Европа. Изграден е во 1388 г. за да ја одбележат заклетвата што ја дал кралот Жуау I на Пресвета Богородица - дека ќе изгради величествен манастир ако ги победи кастилците во битката кај Алжубарота. Поаѓање за Назаре, кој во минатото бил мало рибарско село, а во денешно време е познат не само со риболовот, но и со убавите плажи, прекрасната кујна и уникатните локални народни носии. Посета на Фатима - центар на католичката вера и дестинација за верници од целиот свет. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
15.10.2026 г. Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија во Синтра, Кабо да Рока, Ешторил и Кашкаиш. Неслучајно Синтра се смета за една од најдобрите туристички дестинации на Португалија - замоци, аристократски дворци, споменици, фасцинантна природа и незаборавни глетки. Посета на „Паласио Насионал Синтра“ - палатата била официјална резиденција на кралското семејство до почетокот на XX в. Можност за посета на дворецот "Кинта да Регалеира" - комплекс од 5-катна палата, прекрасен парк со езера, пештери, извори и фонтани. Таа била изградена од Карваљо Монтеиро на почетокот на XX в. како имот, а денес е сопственост на општината. Кашкаиш и Ешторил се претвораат во едни од најкосмополитските туристички дестинации на Португалија од како кралот Луис I го избира заливот за неговата летна резиденција на крајот на XIX век. Кашкаиш - типично рибарско село кое се претворило во прекрасно морско одморалиште, на чиј што брег се наоѓа "Устата на Пеколот" (Boca do Inferno) - импресивна карпеста провалија каде се губат морските води. Ешторил - тропска градина лоцирана на брегот на морето. Кабо да Рока - најзападниот дел на континентална Европа. Прочуените португалски морнари тргнале од тука кон непознатото за да најдат нови земји, да добијат слава, богатство и престиж. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
16.10.2026 г. Појадок. Ослободување на собите во хотелот. Поаѓање за Коимбра - често нарекуван „Универзитетски главен град на Португалија“. Тука е најстариот универзитет во земјата и еден од најстарите универзитети во светот. Главната атракција е библиотеката на универзитетот „Жоанина“, во чија колекција има повеќе од 300.000 книги. Слободно време во Стариот град Коимбра, каде тесните улици се вијат по ридот и водат низ многу сводови од Катедралата до Бајша (трговскиот дел на градот). и Црквата на Светиот крст, каде е положено телото на првиот крал на Португалија, Алфонсо Енрикеш. Следува посета на Авеиро, град полн со бројни канали (потсетува на Венеција), низ кои се луѓето се превезуваат со чамци. Се одликува со силен контраст на бои што е карактеристично за скандинавските земји. Заминување кон реон Порто. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
17.10.2026 г. Појадок. Туристичка програма во Порто (вклучена во цената) - втор по големина град во Португалија, вклучен во листата на светскот културно историско наследство на УНЕСКО: железничка станица "Сао Бенто" вистинско ремек дело. Овој транспортен центар ја претставува португалската историја преку прекрасни португалски плочи со уметнички изразени историски сцени; камбанаријата на "Торе Душ Клеригуш"(Кулата на клириците); Катедралата "Порто" една од најстарите зфради во градот која се издига на карпест терен од каде има прекрасна панорама кон старата населба Рибеира.Оттука преку средновековните улици со гранитни куќи од 12 в. можете да стигнете до шеталиштето "Доро". Можност (со доплата) за мини крстарење по реката Доро (околу 50 минути, со доплата на лице место - околу 15 евра). Поглед кон мостот "Дон Луиш I" нај атрактивен од 6-те моста на река Доро кој е изграден од ученик на Густав Ајфел. Можност за посета на винарска визба и дегустација на светски познатиот Портвајн - вино карактеристично за Португалија со збогатен вкус кој наликува на ликер. тр. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
18.10.2026 г. Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш - најживописната провинција на Португалија - "зеленото Мињо". Брага е прекрасен средновековен град полн со историја, многу цркви и манастири. Посета на катедралата и стариот дел на градот. Фотопауза на цркватата "Bom Jesus do Monte" - (Милостивиот Исус). Овој храм е лоциран на врв од рид, чии барокни скалила имаат 17 плоштадки украсени со параклиси, прекрасни фонтани и скулптури. Во најнискиот дел на овие барокни скалила може да се видат мотиви кои ги прикажуваат маките на Исус, средното ниво е посветено на петте сетила, а најгорното - на христијанските добродтетели вера, надеж и љубов. Поаѓање за Гимараеш - првата престолнина на Португалското кралство и средновековен ансамбл, вклучен во Листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО: плоштад "Св. Јаков "и црквата за аџилак " Носа Сењора да Оливеира ". Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
19.10.2026 г. Појадок. Ослободување на собите во хотелот. Трансфер до аеродромот во Лисабон. Поаѓање за Бугарија со лет на авиокомпанијата "Bulagia Air". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2).
Основната цена вклучува:
Авионски билет Софија - Лисабон - Софија на авиокомпанијата "Bulgaria air" со вклучени аеродромски такси, рачен багаж до 10 килограми (55х40х23 см), чанта/торба за лаптоп и чекиран багаж до 23 килограми;
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Транспорт по предвидената рута со комфорен туристички автобус;
4 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "Pestana Cascais" 4* или "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4 * (или сличен) во реонот на Лисабон
3 ноќевања во стандардна соба со појадок и вечера со вклучени вино и вода во хотел "Axis Ofir Beach Resort"4* / "Axis Vermar Conference & Beach" 4* (или сличен) во реонот на Порто
Полудневна туристичка програма во Лисабон
Панорамска обиколка на Порто со водич на бугарски јазик
Пешачка прошетка во Авеиро и Коимбра
Претставник на бугарски за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Основната цена не вклучува:
Сити такса (се плаќа од страна на туристите на рецепција во хотелот): 4 евра по лице на ден во реонот на Лисабон; 1,5 евра по лице на ден во реонот на Порто;
Слушалки за време на разгледите - 3 EUR по лице на ден (задолжително се плаќаат на лице место на водичот; деца до 6 години не користат слушалки и не се таксуваат)
Сместување во соба со поглед кон океанот во хотел "Pestana Cascais" 4* / "TRYP Lisboa Caparica Mar" 4* во реонот на Лисабон
Сместување во соба со поглед кон океанот во хотелите "Axis Vermar Conference & Beach" 4* и "Praia Golfe Hotel" 4* во реонот на Порто
Целодневна екскурзија до Обидуш, Назаре, Фатима и Баталија;
Целодневна екскурзија до Синтра, Кашкаиш, Ешторил и Кабо де Рока;
Целодневна екскурзија до Брага и Гимараеш;
Миникрстарење по реката Доро (со доплата на лице место - околу 13 евра, при соодветни временски услови)
Влезници за објектите за време на дополнителните екскурзии и други музеи, локации и настани кои се посетуваат по желба;
Влезници за: манастирот "Жеронимуш" (10 евра), комбиниран билет за манастирот и Националниот археолошки музеј (12 евра); кулата "Белем" (6 евра) во Лисабон; за палатата "Кинта да Регалеира" (15 евра) во Синтра; за манастирот "Санта Марија де Виторија" (9 евра) во Баталја; за универзитетот во Коимбра(5-12 евра);
Билет за фуникулер до црквата "Bom Jesus do Monte" (околу 1,20 евра) во Брага;
Јавен превоз, лични трошоци, бакшиш за водич / возач: 2 евра по турист на ден - се плаќа на лице место;
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија
Патувањето се спроведува при минимум 20 пријавени туристи според прогамата за патување.
Описот на организираното патување содржи:
- Основна цена изразена во евра/мкд;
- Транспортни средства и нивната категорија;
- Почетна, крајна точка и маршрута на патувањето;
- Датум и време на тргнување и враќање од почетната и крајната точка на патувањето и времето на пристигнување;
- Времетраење на патувањето и престојот;
- Местоположба, категорија и вид на туристичките објекти;
- Број на ноќевања вклучени во туристичкото патување;
- Вид и категорија на рестораните;
- Број и вид на оброците вклучени во аранжманот;
- Посети, патувања, трансфери и други услуги вклучени во вкупната цена;
- Други плаќања кои не се вклучени во цената;
10) Лични документи кои што се неопходни во учество на организираното патување.
10.1. Валиден пасош со рок на траење не пократок од шест месеци од датумот на враќање од патувањето;
10.2. За програми кои вклучуваат земји кои се членки на европска унија – Валиден пасош со рок на траење не пократок од шест месеци од датумот на враќање од патувањето;
10.3. За малолетни лица под осумнаесет години кои патуваат сами или со едниот од родителите – изјава заверена на нотар од двајцата родители дека се согласни детето да им патува во странство со телефон од нотарот. Копија од таквата изјава треба да се приложи во канцеларијата на агенцијата најкасно пет дена пред започнување на патувањето. Оригиналната Изјава се носи со себе за време на патувањето;
10.4. Важечка здравствена легитимација;
10.5. Агенцијата не сноси одговорност доколку земјата која е избрана за патување од страна на туристите одлучила да воведе визи. При евентуално откажување на патувањето поради воведување на визи по склучувањето на овој Договор, НАРАЧАТЕЛОТ плаќа пенали за откажување на патувањето согласно член IV.7 од овој Договор. Граѓаните на други земји треба самостојно да ги проверат и исполнат барањата за пасошки и визен режим со соодветните амбасади. При неисполнување на овие барања и сите непријатности и штети кои произлегуваат од ова се на сметка на оштетените и Агенцијата не сноси никаква одговорност.
10.6. Договор за организирано патување – се склучува при пријавување за конкретна туристичка програма.
10.7. Осигурување – согласно член II.7;
10.8. За авионските програми се издава посебно авионска карта;
За неиполнување на условите по точките 10.1. до 10.4. агенцијата не сноси никаква одговорност и сите непријатности и штети кои произлегуваат од ова се на сметка на оштетените.
11) Цени и начин на плаќање;
Цените за секое патување вклучуваат услуги кои се детално опишани во секоја програма посебно. Цените на програмите кои што вклучуваат туристички услуги на територијата на европска унија се со вклучен ДДВ. Цените за сите склучени Договори се гарантирани од агенцијата и не подлежат на промени. Плаќањето може да се изврши во готово, со кредитна картичка или преку банка. Во случај на плаќање преку банка или електронски, треба да се приложи жиро/трансакциона сметка на која треба да се префрли сумата во случај на неисполнување на услугата. Враќањето на сумата на територијата на Р. Македонија е на сметка на агенцијата, а надвор од Р. Македонија е на сметка на НАРАЧАТЕЛОТ.
12) Дополнителните услуги, кои не се вклучени во основната цена на организираното патување, се најавуваат и плаќаат дополнително, при склучувањето на Договорот, но не подоцна од 28 дена пред започнувањето на патувањето. Можностите за таквите услуги се се опишани во секоја програма посебно. Можноста пак, такви дополнителни услуги да се најават и после рокот наведен погоре, се договара во канцеларијата на АГЕНЦИЈАТА/ТУРОПЕРАТОРОТ, односно каде што се пријавува туристот. Најавата на дополнителни туристички услуги е неопходен услов за нивното исполнување. За таа цел потребно е да се пополни ПРИЈАВА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ член II точка 4. Плаќањето на вкупната сума за соодветната услуга се наплаќа при пријавувањето. За пријавената и платена дополнителна туристичка услуга неопходно е добиете потврда од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ. ТУРОПЕРАТОРОТ ја потврдува или откажува пријавената дополнителна услуга не подоцна од седум дена од датумот на заминување. Ако од објективни причини – нема услови за резервација поради недостаток на слободни места, недостаток на слободни локални водичи, не се формира минимален број туристи за соодветната услуга, поради национални празници и неработни денови и друго, услугата не може да биде извршена, платената сума за пријавената услуга ќе биде вратена во полн износ не подоцна од пет дена од датата на заминување во канцеларијата каде што е склучен Договорот. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не должи пенали и компензации на НАРАЧАТЕЛОТ. Ако ТУРОПЕРАТОРОТ не ја потврди пријавената дополнителна услуга тоа не може да биде повод за откажување на патувањето. Минималниот број на туристи за исполнување на дополнителните услуги се утврдува за секоја програма пооделно, во општите услови на програмата.
13) Во случај ако минималниот број на туристи за реализација на органзираното патување не е исполнет крајниот рок за пријавување на туристите се поместува на седум дена до датумот на тргнување.
14) Суштествените делови на осигурувањето “Патничко осигурување“, се однесуваат на следната информација: осигурувањето дава можност на Осигуреникот да добие високо квалификувана медицинска помош при болест и/или повреда како и пакет на дополнителни услуги чија што цел е да го олеснат неговото патување и престој во странство. Осигурувањето можат да го добијат македонски граѓани и странски државјани кои привремено престојуваат во Македонија. Горна граница на возраста е 70 години, за осигуреници помеѓу 65 и 70 години има доплаток од 100%, за постари особи се склучува посебно осигурување. Осигурувањето територијално го покрива избраниот регион со исклучок на Р. Македонија и земјата на постојаното живеалиште на ОСИГУРЕНИКОТ. Осигурувањето не покрива трошоци за стоматолошки интервенции. Копија од вкупните услови за задолжителното осигурување “Патничко осигурување“, за патување во странство се приложува кон овој Договор. За дополнителна информација можете да се обратите во осигурителната куќа Сава Осигурување.
15) Место на поаѓање:
- За авионските програми се поаѓа од терминал за Заминување на соодветниот аеродором: Скопје, Охрид, Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Белград, Солун, Приштина, Тирана и други.
16) Време на поаѓање:
- Сите објавени поаѓања се по локално време. Сите објавени времиња на пристигнување се дадени ориентационо. Можни се задоцнувања кои произлегуваат од неопределени причини, вис мајор околности и настани кои што не зависат од ТУРОПЕРАТОРОТ (член 4 точка 4). Во таков случај АГЕНЦИЈАТА/ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за неисполнети услуги или изгубено време.
17) Термините: турист, туристички производ, туристичка агенциска дејност, туристички агент, туристички пакет, нарачател на органзирани патувања со вкупна цена, основни туристички услуги и дополнителни туристички услуги се подразбираат според Меѓународната терминологија за Туристичка дејност.
III. ОБВРСКИ НА ТУРОПЕРАТОРОТ
1) ТУРОПЕРАТОРОТ сноси полна одговорност за квалитетот на сите туристички услуги вклучени во програмата.
2) ТУРОПЕРАТОРОТ е должен кон овој Договор да приложи документ од осигурителната компанија Сава Осигурување со која ТУРОПЕРАТОРОТ има склучено Договор за осигурување.
3) ТУРОПЕРАТОРОТ е должен да ги исполни сите дополнителни услуги пријавени од НАРАЧАТЕЛОТ од член II.4. Дополнителната услуга која е пријавена од НАРАЧАТЕЛОТ се смета за составен дел од Договорот откако ќе биде потврдена од ТУРОПЕРАТОРОТ најдоцна седум дена пред договорениот датум на поаѓање.
IV. ПРАВА НА ТУРОПЕРАТОРОТ
1) ТУРОПЕРАТОРОТ и водичот на соодветната група имаат право да направат извесни поместувања во однос на програмата по денови и саати ако тоа суштински не ја менува содржината на програмата.
2) ТУРОПЕРАТОРОТ има право да го откаже организираното патување и да задржи процент од цената: ако дојде до отповикување на резервацијата; ако не се запазуваат роковите за плаќање или депозит; ако дојде до непочитување на рокот за поднесување на неопходните документи; ако се поднесени невалидни документи или НАРАЧАТЕЛОТ независно од причините го откаже патувањето и тоа:
од денот на пријавување на патувањето до 91 ден пред датумот на поаѓање – 10 % од основната цена на патувањето; од 90 ден до денот на издавањето на авионскиот билет - 35 % од основната цена на патувањето; од денот на издавање на авионскиот билет до 29 ден пред датумот на заминување – 35 % од вкупната цена на организираното патување + цената на авионскиот билет и аеродормските такси; од 28 ден до денот на поаѓање – 100 % од вкупната цена на организираното патување + цената на авионскиот билет и аеродромските такси.
при отказ на патувањето кое е најавено преку „Договор во последен момент“ – до седум дена пред датумот на поаѓање се задржува – 100 % од уплатената сума.
3) Промена на датум или промена на патникот од Договорот за организирано патување се сметаат за откажување на патувањето на тој турист. Во таков случај стапуваат на сила прописите за отштета за откажување на патувањето. Единствено при промена на еден турист со друг кое не доведува до промена на усогласеното во Договорот за организирано патување во период до 22 ден пред датумот на поаѓање се задржува административна такса во износ од – 5 % од основната цена на патувањето. Непојавувањето на туристот на местото за поаѓање и непојавувањето на туристот во конзулатот кога тоа е неопходно или пак непочитувањето на рокот за доплаќање од страна на туристот се смета за отказ на патувањето. Во таков случај во сила влегуваат горе наведените одредби за откажување на патувањето. Сите откажувања на патувањата се прават лично со писмена изјава во канцеларијата каде е склучен Договорот за патување.
4) Согласно со меѓународните прописи ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за штети причинети од неисполнување или некомплетно исполнување на Договорот, ако истите произлегуваат од:
- дејствија од трети лица кои што не се поврзани со исполнување на Договорот, а кои што не можат да се предвидат или избегнат;
- непредвидлива сила или настан кои не можат да се избегнат или предвидат од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ или неговите субагенти ако истите совесно си ги извршуваат своите обврски. За време на патувањето како такви се сметаат: влошени метеоролошки услови, отежната состојба на патиштата, задржување на гранични премини, укажување на помош на турист, национални и религиозни празници, масовни општествени немири, штрајкови, воено политички конфликти и ограничувања, природни непогоди, промена на работното време на музеи и објекти, технички хаварии или проблем со превозното средство за време на патувањето и други несекојдневни настани. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ го задржува правото да изврши извесни промени во програмата според новонастанатата ситуација без да сноси одговорност и штети.
5) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за штети причинети од неисполнување или нецелосно Исполнување на Договорот кои што произлегуваат од однесувањето на НАРАЧАТЕЛОТ ако поради алкохолизам или употреба на наркотични средства се кочи исполнувањето на програмата. ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност и не сноси никакви компензации или пенали ако поради хулигански испади од страна на туристот агенцијата му ги откажува услугите или целосно го отстранува од туристичката програма откако тоа се потврди со протокол од службени лица или други туристи кои се присутни на лице место.
6) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за услуги кои што се избрани, организирани и платени од НАРАЧАТЕЛОТ за време на органзираното патување, доколку водичот не е во состојба истите да ги спроведе.
7) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност пред туристите за сместување на личниот багаж, пари, накит, документи и друго вклучувајќи ги и сите заборавени лични работи во собите на хотелите. Во извесни случаи водичот и агенцијата му помагаат на оштетениот до степен при кој не се нарушува програмата на целата група. Барање на заборавена облека се извршува од страна на НАРАЧАТЕЛОТ на негова сметка.
8) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност, не ги обештетува или компензира туристите кои што се откажале од користењето на поединечни услуги или по своја желба се оддалечиле од програмата и од таа причина пропуштиле одделни делови од програмата. ТУРОПЕРАТОРОТ не обештетува и не компензира туристи за трошоци кои што ги направиле надвор од туристичкиот пакет. ТУРОПЕРАТОРОТ не прифаќа трошоци поврзани со конзумирање на храна и пијалоци надвор од стандардниот и договорениот програм.
9) Однесување на туристот:
- ТУРОПЕРАТОРОТ, пред патувањето го задржува правото без предупредување да го откаже патувањето на секое лице чие што однесување е такво да според стандардите пропишани од ТУРОПЕРАТОРОТ или друго од ТУРОПЕРАТОРОТ авторизирано лице да претставува опасност, причинува стрес, навреди, гнев или сериозна неудобност на другите туристи, службеници или партнери на агенцијата. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не е должен да даде објаснување или било каква отштета за откажувањето на патувањето.
- За време на патувањето – ТУРИСТИТЕ се должни да ги почитуваат локалните обичаи, начин на живот и правила на однесување. Туристите можат да бидат казнети за исфрлање на отпад на улица, пушење или фрлање на опушок, поминување на улица на неозначено место и друго. ТУРОПЕРАТОРОТ го задржува правото да го откаже извршувањето на услуги за време на патувањето вклучувајќи и потполно исклучување од програмата на лице чие што однесување не е според стандардите на ТУРОПЕРАТОРОТ, друго авторизирано лице или државен службеник како што се полицаец, цариник или пограничен службеник ако таквото однесување претставува опасност, причинува стрес, навреди, гнев или сериозна неудобност на другите туристи, службеници или партнери на агенцијата. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не е должен да даде објаснување или било каква отштета за откажувањето на патувањето. ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност и не сноси никакви компензации или пенали ако му ги откажува услугите или целосно го отстранува од туристичката програма откако тоа се потврди со протокол од службени лица или други туристи кои се присутни на лице место.
- за време на движење на автобусот секој турист е должен да седи, а во случај на неисполнување на оваа одредба му се случат повреди сите штети и одговорности се на негова сметка.
- емиграција – некои туристи ги користат туристичките програми како средство за емиграција. При појава на таквите случаи, ТУРОПЕРАТОРОТ неизоставно ги информира за таквите лица полицијските и граничните служби во соодветната земја, македонскиот конзулат и соодветните министерства во Македонија. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси никаква одговорност за последиците кои ги трпат таквите лица и не врши поврат на средствата за услугите кои не се извршени. При заминување по туристичка програма во одреден град или место каде што според програмата се ноќева, задоцнетите туристи не се чекаат и на нив не им се враќаат средствата за неискористените услуги. При заминување за друг град или место задоцнетите се чекаат до 15 минути. Таквите туристи се приклучуваат на групата накнадно или се враќаат во Македонија на своја сметка. И во овој случај ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за последиците кои што ги трпат таквите клиенти и не врши поврат на средствата за неизвршените услуги.
10) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за исполнувањето на услуги кои што ја дополнуваат туристичката програма, а се извршуваат од трети лица и се потпишани на посебни документи; исполнување на транспортни услуги кои што се запишани на посебни документи; билети (авионски, ферибот, автобуски по редовни линии, железничко патнички по редовни линии). Во таков случај моралната и материјалната одговорност пред клиентот ја сноси конкретниот давател на услугата бидејќи взаемниот однос помеѓу клиентот и давателот на таквата услуга се опишани во нивните посебни документи.
11) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за промена на цената на дополнително платени транспортни услуги од страна на превозникот кои што се во форма на посебен документ – билет вклучувајќи авионски и бродски карти, такси за сигурност на аеродормите, железнички, автобуски станици и други транспортни субјекти. Промената во цената на тие услуги не може да се земе како основа за откажување на патувањето. При евентуално откажување на патувањето по таа основа на сила стапуваат отштетните прописи од член IV точка 2.
12) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност при задоцнување или одложување заради непредвидени настани и случки кои што не зависат од ТУРОПЕРАТОРОТ.
13) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност во случај на: украден, изгубен или заборавен движен имот и документи на туристите; при рекламација на услуги избрани од туристите за време на самото патување; при нарушување на законите на соодветната држава од страна на туристите, независно од тоа дали ти е се запознаени со тие закони или не; при инциденти и нанесени штети на хотели, општествени добра, превозни средства или трети лица од страна на туристот кои што сноси полна материјална и морална одговорност и која што се установува на лице место.
14) Во случај ако НАРАЧАТЕЛОТ не извршил плаќање или ги нарушил условите од Договорот наведени во програмата ТУРОПЕРАТОРОТ има право без согласност на НАРАЧАТЕЛОТ да ја откаже пријавената програма. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност пред НАРАЧАТЕЛОТ и не должи никакви обештетувања или пенали.
15) Замена на патувањето од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ
ТУРОПЕРАТОРОТ има право да го замени патувањето во случај кога:
- не е комплетиран неопходниот минимален број на туристи за спроведување на организираното патување;
- кога тоа е резултат на непредвидлива сила – појави кои што не можат да се предвидат или избегнат од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ или неговите субагенти ако тие совесно си ги исполнуваат своите обврски како што се: штрајкови, воено политички конфликти, терористички дејствија, природни непогоди, епидемии, гранични нереди и слично. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност пред НАРАЧАТЕЛОТ и не должи обештетување или пенали бидејќи ја враќа целокупната сума платена од НАРАЧАТЕЛОТ. При недостаток на минималниот број на туристи за организирано патување најдоцна до седум дена пред датумот на заминување определен во Договорот и НАРАЧАТЕЛОТ ќе биде неизоставно запознаен или известен за тоа во писмена форма. При појавување на непредвидена сила НАРАЧАТЕЛОТ ќе биде неизоставно известен во писмена форма. Уплатената сума ќе биде вратена во полн износ по поднесување на сите документи од канцеларијата каде што е запишан туристот.
16) Во случај на појава на настани кои што го спречуваат ТУРОПЕРАТОРОТ да ги исполни услугите согласно овој договор во договорените рокови, а од причини кои што не зависат од ТУРОПЕРАТОРОТ тој може без согласност од туристите и без да сноси одговорност за тоа да ги направи следниве промени кои што НАРАЧАТЕЛОТ ги прифаќа и кои не преставуваат значителна промена на некои од клаузулите на Договорот:
- да го промени времето на заминување, соодветно на тоа и времето на враќање, но не за повеќе од 24 часа;
- да го промени хотелот во кој што се сместуваат туристите со хотел од истата категорија или хотел од повисока категорија непроменувајќи ги условите за сместување и пансион;
- да го промени времетраењето на програмата, но не повеќе од 24 часа одкако соодветно ќе ја промени и цената на програмата соодветно новонастанатите трошоци;
- да направи промени во редоследот на исполнување на одделни елементи од програмата притоа задржувајќи ја комплетноста на програмата. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност пред НАРАЧАТЕЛОТ и не должи обештетување или пенали;
17) Во случај на појава на настани кои што го спречуваат ТУРОПЕРАТОРОТ да ги исполни услугите согласно Договорот во усогласените рокови од причини кои не зависат од ТУРОПЕРАТОРОТ, тој има право да предложи компензација односно замена на туристичката услуга која што НАРАЧАТЕЛОТ ја прифаќа само во случај кога е потполно согласен со така направената промена. Согласноста за таквата компензација односно промена на туристичката услуга се искажува само во писмена форма. Во случај кога за исполнувањето на така предложената компензација односно промена на туристичката услуга е неопходна согласност на сите туристи од групата, промената на туристичката услуга стапува на сила единствено во случај кога со неа се согласни сите полнолетни туристи од групата без исклучок. Во случај ако НАРАЧАТЕЛОТ не ја прифати така предложената компензација или промена на туристичката услуга тој има право на обештетување до полниот износ на цената на претходно пријавената услуга. Ако пак, НАРАЧАТЕЛОТ ја прифати предложената промена на туристичката услуга со друга која што има иста или поголема вредност од претходно најавената услуга, НАРАЧАТЕЛОТ ја искажува својата согаласност во писмена форма и потврдува дека ја прифаќа промената и нема никакви материјални или морални побарувања по таа основа. Во случај кога НАРАЧАТЕЛОТ прифаќа предложена од ТУРОПЕРАТОРОТ промена на туристичка услуга со друга која што има помала цена од цената на претходно најавената услуга, НАРАЧАТЕЛОТ има право на обештетување во износ на разликата во цена на педходно најавената и новонастанатата цена на услугата.
18) Во случај на појавување на настани кои што го спречуваат ТУРОПЕРАТОРОТ да ги исполни услугите во договорените рокови за време на патувањето тој има право да предложи компензација односно промена на туристичката услуга. За исполнувањето на така предложената промена на туристичката услуга неопходна е согласноста на сите полнолетни туристи од групата без ислкучок.
19) ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност пред било кој турист кој не добил виза кога тоа се бара. Ако туристот ги предал сите потребни документи за добивање на виза и истата не ја добил на туристот му се враќаат сите уплатени суми освен таксите за визата. Ако визата е откажана поради поднесување на непотполни, неточни и невистинити документи, претходни незаконски дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите и/или непојавување на туристот на интервју во конзуларските салужби каде тоа се бара и за кое туристот е писмено известен патувањето му се откажува бидејќи на сила стапуваат погоре опишаните неисполнувања. ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност за постапките на граничните и царинските служби и не ги обештетува туристите ако поради таквите постапки пропуштат некои услуги од претходно подготвената туристичка програма независно од обемот на поради тоа пропуштените услуги.
20) При отказ на патување на лица со странски пасош заради визни или други проблеми со документи ТУРОПЕРАТОРОТ има право да задржи паричен износ за неисполнување како што е опишано во член IV точка 2.
V. ОБВРСКИ НА НАРАЧАТЕЛОТ
1) НАРАЧАТЕЛОТ се обврзува да се придржува кон следните рокови на плаќање.
- плаќањето се врши еднократно или на рати.
- плаќањето на рати се врши во две или три рати.
- при плаќањето во две рати првата рата е депозит во износ од 50% од вредноста на избраната услуга плус дополнително пријавените ислуги.
- втората рата е разликата до полниот износ на патувањето и треба да се уплати најдоцна до 30 дена пред датумот на поаѓање, но не подоцна од денот на издавање на авионскиот билет.
- плаќањето на три рати е можно при склучување на Договор за плаќање на рати, но не подоцна од 91 ден за патувања со авион со прва рата во износ од 10% од цената на избраното патување плус дополнително пријавените услуги. Втората рата е во износ од 40% од износот на избраното патување. Третата рата е до полниот износ на патувањето и треба да се уплати најдоцна до 30 дена пред датумот на поаѓање, но не подоцна од денот на издавање на авионскиот билет.
2) НАРАЧАТЕЛОТ е должен лично да се јави во канцеларијата каде што е потпишан овој Договор по неговото склучување за да ги добие претходно наведените информации пред започнување на патувањето опишани во член 2 точка 3, согласно меѓународните туристички норми. Таа информација се предоставува не подоцна од седум дена пред започнување на патувањето. Во случај НАРАЧАТЕЛОТ да не се јави во канцеларијата во вака определениот рок ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси одговорност што НАРАЧАТЕЛОТ не е информиран.
3) Доколку се направат штети во хотели и превозни средства за време на организираното патување, полна материјална одговорност за штетата сноси оној што ја направил, дури штетата да се надополни на лице место ако тоа се бара од прекршителот. ТУРОПЕРАТОРОТ не сноси трошоци по таа процедура и не должи никакви компензации и обештетувања ако евентуално се промени графиконот и содржината на организираното патување, дури и спрема туристи кои не се одговорни за штетата.
4) При некоректно исполнување на Договорот од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ за време на патувањето и престојот, НАРАЧАТЕЛОТ е должен неизоставно да го извести ТУРОПЕРАТОРОТ. Известувањето треба да се направи во писмена или друга соодветна форма како што е телефакс, електронска пошта или други технички средства кои даваат можност тоа да биде реализирано. При несоодветни туристички услуги од изложените услуги во програмата туристот треба неизоставно во писмена форма да го извести водичот на групата, а при индивидуална програма – претставникот на страната која ја дава услугата и кој е напишан на ваучерот. Службеното лице кое ја примило таквата рекламација е должно да стави датум на приемот на таквата рекламација и да се потпише. Лицата кои што ја добиле рекламацијата се стремат да го решат појавениот проблем на лице место. Ако туристот не поднесе рекламација на горе опишаниот начин, неговите забелешки нема да бидат разгледани и уважени по завршувањето на патувањето.
5) Ако НАРАЧАТЕЛОТ од било која причина не ги исполни обврските опишани во овој член, ТУРОПЕРАТОРОТ не го гарантира исполнувањето и квалитетот на туристичката програма.
VI. ПРАВА НА НАРАЧАТЕЛОТ
1) НАРАЧАТЕЛОТ има право да биде информиран за исполнувањето на овој Договор.
2) Согласно меѓународните туристички норми, при евентуална значителна промена на некои од суштествените клаузули (исклучиво промените опишани во член IV точка 15) на Договорот од страна на ТУРОПЕРАТОРОТ во рок од три дена од датумот кога бил писмено известен, НАРАЧАТЕЛОТ има право:
- да ги прифати промените, што се докажува со дополнителна писмена Согласност кон Договорот и кое има влијание врз цената, или
- да се откаже од договорот без да должи пенали или обештетување. Во таков случај НАРАЧАТЕЛОТ има право да избере една од следниве можности:
- друго патување од истиот или повисок квалитет ако постои таква можност;
- патување од понизок квалитет. Во таков случај ТУРОПЕРАТОРОТ ја враќа разликата во цената помеѓу двете патувања.
- да бидат вратени сите суми платени од туристот според Договорот, во рок од седум дена од писменото откажување од страна на НАРАЧАТЕЛОТ.
3) Крајниот рок во кој НАРАЧАТЕЛОТ се откаже од Договорот без да должи пенали или обештетување, е десет часа во текот на првиот работен ден на ТУРОПЕРАТОРОТ, после датумот на кој туристот го склучил Договорот. При склучување на Договор за организирано патување во последен момент - во последните 9 (девет) дена пред датумот на поаѓање НАРАЧАТЕЛОТ нема право да се откаже без да должи пенали или обештетување.
4) Било кој турист има право да го отстапи своето патување на друго лице. Во таков случај стапуваат на сила условите опишани во IV точка 3. Туристот е должен за тоа неизоставно да го извести во писмена форма туристичкиот агент во канцеларијата каде што е запишан, и заедно со него да ги поднесе сите барани документи за патувањето. Патувањето не може да биде отстапено на лица кои имаат здравствени или други проблеми, кои можат да го попречат организираното патување. Отстапувањето на место во организираното патување на друго лице изискува склучувањето на Договор со истите услови и ангажмани прифатени од откажаниот турист. Во случај кога туристот го отстапува своето патување на друго лице и од тоа произлегува дополнително плаќање по веќе оформени патнички документи како што се авионски, бродски и автобуски билети, НАРАЧАТЕЛОТ носи одговорност за замена на такви документи во полн износ и должен е да ја плати разликата при склучувањето на Договор за организирано патување на друго лице со ТУРОПЕРАТОРОТ. Ако туристот го отстапува своето патување на лице од спротивниот пол и од тоа произлегува потреба за сместување во еднокреветна соба, НАРАЧАТЕЛОТ автоматски се задолжува да ја доплати разликата во цената на сместувањето. Во случај на неплаќање на така произлезената разлика во цената тоа се смета како отказ на патувањето и целосната одговорност паѓа на терет на НАРАЧАТЕЛОТ. НАРАЧАТЕЛОТ кој своите права и обврски ги префрла на друго лице солидарно е одговорен со другото лице пред ТУРОПЕРАТОРОТ за плаќање на вкупната цена по основ на овој Договор и на сите трошоци настанати од префрлањето на правата и обврските на друго лице.
5) За неисполнување или недоволно исполнување на услуги по основ на овој Договор НАРАЧАТЕЛОТ има право да побара одговорност од ТУРОПЕРАТОРОТ до полниот износ на цената на услугата опишана во Договорот во рок од седум дена по завршување на патувањето.
6) НАРАЧАТЕЛОТ има право да изврши рекламација при следните услови: рекламацијата се најавува во рок од седум дена од завршувањето на организираното патување единствено во писмена форма во канцеларијата каде што е запишан туристот. За рекламација на услуги побарани од туристите за време на самото патување кои што не се опишани во програмата на патувањето, агенциите не сносат одговорност. При рекламација на услуги кои што се однесуваат на квалитетот на хотелска или транспортна услуга туристот е должен веднаш да го извести водичот на групата и да ја поднесе рекламацијата во писмена форма изричито наведувајќи ја причината за рекламацијата. Ваквата рекламација треба да биде потпишана. Во таков случај водичот на групата составува протокол со опис на услугата која што е предмет на рекламацијата и таквиот протокол треба да биде потпишан од него самиот, туристот и – при хотелска услуга – конкретниот подизвршител односно хотелите, шеф на рецепција или раководител или администратор; - при транспортна услуга – возач на автобусот или претставник на авионската компанија. Во случај кога туристот користи самостојно услуга без услуга од водич протоколот треба да биде потпишан од самиот турист и при хотелска услуга – конкретниот подизвршител односно хотелитер, шеф на рецепција или раководител или администратор; - при транспортна услуга – возач на автобусот или претставник на авионската компанија. Во случај ако причините за неисполнување на определена точка од програмата не биле разрешени за време на самото патување се составува протокол потврден од конкретниот субјект и еден примерок му се дава на туристот. Во таков случај во рок од седум дена по завршување на патувањето туристот треба да го поднесе така составениот протокол или друг документ во подршка на искажаната рекламација и таквиот да биде потпишан од службениците во агенцијата. Сите рекламации се разгледуват во рок од седум дена од приемот.
VII. ПРИЛОЗИ
1. Формулар со лични податоци на туристите;
2. Копија со комплетните услови од задолжителното здравствено осигурување за патување надвор од земјата;
3. Сертификат за склучено осигурување за одговорност на ТУРОПЕРАТОРОТ со осигурителна компанија Сава Осигурување.
Со следниот потпис НАРАЧАТЕЛОТ потврдува дека при склучувањето на овој Договор во истиот момент заедно со договорот во писмена форма примил копија од комплетните услови на задолжителното здравствено осигурување и сертификат за склучено осигурување за одговорност на ТУРОПЕРАТОРОТ, со осигурителната компанија Сава Осигурување.
VIII. ПЕЧАТНИ ГРЕШКИ
1) При печатењето на описот на организираното патување приметени се следните суштествени печатни грешки:
IX. ДРУГИ
Во случај на било какви недоразбирања кои произведуваат легални или правни последици надлежен е соодветниот Суд во Скопје.
Во врска со издавањето на авионските карти треба да почекате за потврда.
X. ПОТПИСИ НА СТРАНИТЕ
Овој Договор е заведен во два исти примероци, еден за НАРАЧАТЕЛОТ и еден за ТУРОПЕРАТОРОТ.
ТУРОПЕРАТОР: . . . . . . . . . . . . . . . |
НАРАЧАТЕЛ: . . . . . . . . . . . . . . . . . |